Раперот Куртис Џејмс Џексон III, познат по авторскиот прекар 50 Сентс, завчера дал 30 илјади долари бакшиш на вработени во Бургер Кинг ресторан за брза храна во Бронкс, Њујорк, јави Фокс Њуз.
Судејќи според твитот на 50 Сентс, музичарот и актер, кој игра во серијалот „Моќ“, се појавил во раните утрински часови завчера заедно со Инстаграм инфлуенсерот Џеј Мазини, кој го снимил настанот.
Според видеото, помошник на раперот првин им дава пари на вработените на шалтерот каде се служат муштерии кои доаѓаат со коли (драјв тру). Потоа се појавува и самиот Џексон и им дели уште пари на егзалтираните вработени.