Тренерот на македонскиот и актуелен европски првак Вардар, Стевче Алушовски, очекува поволен резултат на гостувањето кај Мешков Брест во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
- Дуелот со Мешков Брест е прв од низата што не очекуваат во Лигата на шампионите. Тоа што досега го одработивме беше една подготовка токму за овој меч. Имавме големи проблеми, посебно во офанзивниот дел. Мешков Брест е наш стар познаник и сериозен противник во ЛШ. Со доаѓањето на Скубе тие добија квалитет плус. Ја имаат благата фаворитска улога поради домашниот терен. Јас очекувам да го подигнеме нивото на играта во напад. Знаеме кои се нивните слаби страни. Ќе дадеме максимум и се надевам тоа ќе биде доволно за поволен резултат во Белорусија, изјави Алушовски.
Вардар во комплетен состав се подготвува за првиот предизвик во елитното ракометно натпреварување.
Тимот утре ќе отпатува за Белорусија каде во Брест в среда ќе го игра првиот меч