Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица, жители на гостиварски села на возраст од 32, 24, 19 и 20 години, осомничени за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и супстанци.

На предлог на обвинителството, Судот на четворицата им определил мерка притвор од 30 дена, поради опасност од бегство.

– Четворицата осомничени заеднички се договориле да набават дрога, мерејќи ја на дигитaлна вага да ја распоредат и да ја продаваат низ Гостивар. На 9.9.2020 при полициска акција пронајдена е дрогата во вкупна нето маса од 25,00 грама, заедно со дробилки за мелење на дрогата и дигиталната вага. Дрогата марихуана била распоредена во повеќе пакувања и скриена кај осомничените и во вулканизерска работилница на еден од осомничените во с. Здуње, информираат од ОЈО.

Поради околности кои укажуваат на постоење опасност од бегство на осомничените, опасност дека ќе го повторат кривичното дело и дека ќе влијаат на сведoци, јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените, а Судот со Решение на четворицата осомничени им определи притвор во траење од по 30 дена.

За лицата постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2020 16:06