На предлог на Министерството за финансии, Владата го разгледа и прифати Предлог-законот за заем во износ од 90 милиони евра од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка наменет за финансирање на Проектот за итно справување и спречување на последиците од КОВИД-19 во Македонија, а бенефитите ќе ги почувствува целокупното население земајќи ја предвид природата на заболувањето, заразените лица, популацијата под ризик, особено старите лица и лицата со хронични болести, медицинскиот персонал, медицинските институции и институциите за тестирање како и јавните здравствени институции.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2020 22:52