Известувам дека од сите експозитури на „Еуростандард банка“ кои биле во деловен простор којшто не бил во сопственост на Банката, од моја страна, односно од страна на овластени лица се прибрани и заштитени севкупната опрема и мебелот, коишто се дел од имотот на Банката. Истовремено, прибрана и заштитена е и севкупната документација од овие експозитури. Ваквата активност е спроведена затоа што веќе се раскинати договорите за закуп на деловен простор.

Со ова максимално се избегнуваат непродуктивни трошоци во текот на стечајната постапка и дополнително се заштитува стечајната маса, во функција на исплата на побарувањата на доверителите.

Душко Тодевски, стечаен управник на „Еуростандард банка“ АД Скопје – во стечај



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2020 22:52