Холивудскиот глумец Џејсон Момоа застана на страната на својот колега Реј Фишер во спорот со продукциската куќа „Ворнер Брос“. Тој смета дека на снимањето на филмот „Лигата на праведните“, продуцентите не се однесувале фер со Фишер и, со лажни вести се обиделе да го замолчат него, Момоа.
„Овие г**нарии треба да престанат и да се соочиме со нив. @ray8fisher и сите други што трпат такво тормозење под надзор на @wbpictures – за сѐ тоа треба да има соодветна истрага. Неверојатно зае**но е како нè третираа на снимањето на „Лигата на праведните“ и како се обидоа со ладна, лажна изјава, да ме искористат и да ме оддалечат од Реј Фишер за да не говорам за тоа. Сериозни работи отидоа бестрага. Сѐ тоа треба да се истражи и луѓето треба да одговараат. #IStandWithRayFisher “, напиша Момоа.
„Студената, лажна изјава“ се однесува на наводот во „Дедлајн стори“ дека Момоа ќе го позајми гласот во играната верзија на „Снешкото Фрости“. Глумецот гии отфрла овие податоци.
А, што точно избувнало на снимањето на „Лигата на праведните“, сѐ уште не се открива.