Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик денеска ќе го посети Загреб, каде ќе оствари средби со претседателот и премиерот на Хрватѕска, Зоран Миланович и Андреј Пленковиќ.

Хрватскиот член на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ изјави дека посетата на Додик на Загреб е приватна и има лични цели.

Тој додаде дека Додик носи порака до Хрватска, што воедно е и цел на неговата политика – ентитетот РС и Србија да бидат една држава.

Додека претседавачот со Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ истакна дека посетата на Додик на Загреб „нема никаква врска со Претседателството на БиХ ниту нешто значи за државата БиХ“.

– Официјален Загреб избра да ги игнорира институциите на БиХ, а исто така избор се и последиците кои ќе произлезат од таквите попстапки. Станува збор за приватна посета што ја прифати официјален Загреб, игнорирајќи ги институциите на БиХ, посочи Џаферовиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2020 15:48