Општинската организација на Црвен крст Струмица, во рамки на програмата „Лична асистенција на лица со попреченост“ со поддршка од страна на Агенцијата за вработување, почна со реализација на петтиот циклус обуки во кои се вклучени 12 учесници.

-За успешна реализација на обуките од страна на организацијата ангажирани се четири стручни лица-едукатори кои ќе го реализираат теоретскиот дел од предавањата, но ќе ги обучат и менторираат учесниците во реализацијата на практичната настава. Во текот на обуката кандидатите ќе имаат можност да следат предавања и да се стекнат со потребните знаења и вештини за видовите на попреченост, видовите на помагала кои ги користат лицата и нивната примена, начини и техники за правилно постапување кон лицата со попреченост, информираат од Црвениот крст на Струмица.

По завршувањето на обуката, учесниците ќе полагаат завршен тест пред стручна комисија за верификација на стекнатите знаења и вештини.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2020 16:33