Претставникот на Здружението „МАККАНАБИС“, Костадин Дуковски на прес-конференција истакна дека е време Владата да ги земе предвид потребите на здружението за производството на канабис и примената врз пациентите.

– Пациентите во државата не можат да чекаат, некои чекаа бидејќи знаат каков импакт имаше Ковид-19 врз здравството, сега е време да ги третираме пациентите и најважно од се е што побрзо да се донесе законот и сите подзаконски акти што ќе произлезат од законот, истакна Дуковски.

Златко Кесковски, како член на одборот МАККАНАБИС, побара итно да се направи измена и дополнување на Законот за опојни дроги, од страна на Парламентот.

Од здружението бараат да им се овоможи извоз на цветот како суровина и финален производ надвор од државата.

– Ние немаме четири години развој на процесот, односно нема измена на веќе постоечкиот закон, тоа значи дека законодавецот и извршната власт не ги следат процесите на развој на индустријата во светот, додава Кесковски.

Кесковски истакна дека од Владата бараат покрај екстрактите и покрај финалните фармацевтски производи кои што се дозволени за извоз да добијат можност да извезат сув цвет што во Германија е регистриран како лек и е покриен од Фондот за здравство.

Здружението МАККАНАБИС ќе достави барање до сите пратенички групи и ќе инсистира на решавање на сите прашања.

Јовица Лешовски во своето обраќање истакна дека придобивките што граѓаните можат да ги почуствуваат од канабисот во мометов се во застој.

– Ние како научници, а и науката истовремено стагнираме и ни треба подолго време да ги достигнеме истражувањата, истакна Лешковски.

Тој додава и дека развитокот на оваа индустрија ќе доведе до развиток на науката, ќе можат да бидат спроведени голем број истражувања, да се постави молекуларна основа за третирање на сите пациенти, анализа на производите.

Лешковски наведе дека канабисот има позитивен имакт во третирање на Алцхајмерова болест и многу видови канцер, аутизам, а истакна и дека има позитивно влијание на пациенти заболени од Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2020 21:16