Од ЈП „Водовод и канализација“ соопштуваат дека утре од 09.00 часот без вода ќе бидат двата објекта на „Мерцедес“ во општина Гази Баба.
Прекин на водоснабдување ќе има поради поврзување на нова мрежа на булеварот „Киро Глигоров“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Претходно од ЈП „Водовод и канализација“ информираа дека без вода утре ќе бидат и двата објекта на „Мерцедес“ во Центар.