Дете од еден од клоновите на струмичката градинка „Детска радост“ од Струмица е позитивно на тест од коронавирус, потврди директорот, Васил Бубев.

Според информациите детете не било носено во градинката од понеделникот, а вирусот го добило од член на семејството.

-Преземени се сите мерки за ширење на вирусот, а децата од таа група, воспитувачите и родителите се изолирани, рече директорот Бубев.

Во последните денови во Струмица секојдневно се бележи зголемен број на заразени од Ковид-19, а само вчера беа регистрирани 18 нови случаи, а во последните два дена починаа тројца.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2020 02:48