Градинката „Олга Мицеска“ од Кичево деновиве е опремена со нови и модерни душеци за децата.

Како што информира директорот Садик Ахмети, градинката, поточно матичниот објект се опреми со нови душеци.

– Сакам да му се заблагодарам на докторот од Кичево кој е на привремена работа во Австрија, д-р Шкелќим Беќири, кој ги спонзорираше поголемиот дел од душеците, но еден дел се реализираше и од буџетот на градинката, објасни Ахмети.

По објавата на Министерството за труд и социјална политика и Комисијата за инфективни болести дека градинките повторно ќе почнат со работа, во градинката беа преземени сите потребни мерки за усогласување со протоколите и се направија сите подготовки за почнување со работа.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2020 13:20