Полициската станица од општина Кратово, во соработка со Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Куманово ја спроведоа кампањата „Безбедноста на прво место“.

-Активноста опфати неколку сегменти од едукативно-превентивен карактер, во коишто се вклучија средношколците од кратовската гимназија „Кочо Рацин“ и нивната училишна сообраќајна патрола. Припадниците на МВР и гимназијалците реализираа теренски активности низ улиците во Кратово, при што возачите беа предупредувани за безбедно и внимателно возење, им се делеа флаери за значењето на безбедно управување со возилата, а и на возачите и на останатите учесници во сообраќајот, како и на граѓаните присутни на најфреквентните локации во градот им се укажуваше за задолжително носење заштитна маска во времето на пандемија со Ковид-19, информираат од локалната самоуправа на Општина Кратово.

Во рамки на кампањата на РСБПС за безбедно лето, одговорната од Отсек за превенција на СВР Куманово, Виолета Богдановска одржа и едукативна трибина за средношколците од Кратово за безбедност во сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2020 13:26