Латиноамериканскиот глумец Џон Легуизамо ќе го бојкотира доделувањето на Еми наградите, поради недоволната застапеност на Латинојазичните глумци во холивудските филмови и ТВ-сериите.

– Бојкотирам! Ако нема латино луѓе (на доделувањето), нема зошто да го гледам. Што е поентата? …Неверојатно е што нашите приказни никој не ги раскажува. Има само една причина за тоа… Одговорните филмаџии не нѐ збележуваат, не нѐ сфаќаат, просто – не им е грижа за нас!, вели Легуизамо.

По 2003 година и филмот „Непобедлив“ (Undefeated), колумбиско-американскиот глумец годинава повторно е во улога на режисер во драмата „Критичко размислување“ (Critical Thinking).



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2020 14:39