Светиниколска Река синоќа била загадена со жолта течност, околу 30 минути водата била обоена, за што локалната власт ги известила и полицијата и инспекторите. Надлежните од Општина Свети Николе велат дека по добиената дојава за истекување на жолта течност во Светиниколска Река на потегот под полициската станица, извршен е надзор од страна на инспекциските служби на општина Свети Николе

Според извештајот од службите се работи за моментално истекување на непозната жолта течност од канализациската мрежа. Во моментот речното корито е чисто, а инспекциските служби во текот на денешниот ден дополнително ќе го утврдуваат можното потекло на испуштената течност во речното корито и преземање санкции против сторителите на овој чин.

Локалната власт апелира до сите граѓани да пријават вакви нехумани чинови на загадување на животната околина во која сите ние живееме со цел преземање мерки за санкционирање на прекршителите.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2020 16:31