Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – тешка кражба.

– Обвинетите, на возраст од 34 и 25 години, инаку жители на Прилеп, на 2 септември заеднички провалле во стан на улица „Манапо“ во Скопје, така што со употреба на подесен клуч „калауз“ ја отвориле бравата од влезната блиндор врата. Извршиле пребарување на станот и одзеле женски парфеми, стара колекција пари, рачни часовници и накит во вкупна вредност од 474.000 денари, наведоа од ОЈО.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје донесе и предлог за продолжување на мерката притвор за првиот обвинет, додека вториот се уште е недостапен на органите на прогонот.​​



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2020 22:10