Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска ќе ги презентира резултатите и компаниите кои добија поддршка на Јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19.
Јавниот повик беше спроведен со цел да се обезбеди финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватните здравствени установи (ПЗУ), за полесно справување со економските последици предизвикани од актуелната пандемија.