ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека е решен децениски проблем со водоснабдувањето жителите на Црниче и Пржино.
-Изградена е нова водоводна мрежа во должина од 1100 метри со што е решен деценискиот проблем со водоснабдување на жителите на Црниче и Пржино, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје
Екипи на ЈП Водовод и канализација изминатиов викенд извршија комплетно преврзување на сите приклучоци на на улица „Востаничка”. Поставени се 71 приклучна огрлица на ф 150 со комплетна замена на огрлица, нова инсталација (црево) под улица, оформени се 24 чворови од стара на нова линија и тоа два ф150, два ф 100 и 20 ф 80.
Со ова во иднина водоснабдувањето на овој дел на Скопје ќе се одвива непречено и при евентуални интервенции нема да има потреба да се исклучуваат од водоснабдување сите корисници, посочуваат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.