Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Сарај, Карпош, Центар, Студеничани и Зелениково, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:30 до 15:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улиците „Анастас Митрев” и „Венјамин Мачуковски3″ во Општина Аеродром.

Во периодот од 08:45 до 12:00 часот, пак, без струја ќе бидат дел од корисниците од село Глумово лоцирани позади основното училиште, Општина Сарај, од 09:00 до 12:00 часот корисниците од село Горно Нерези, Општина Карпош, а од 09:00 до 14:00 часот корисници од улицата „Орце Николов”, Општина Центар.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селата Горно и Долно Количани, Рамни Габер, Вртекица и Пагаруша, Општина Студеничани, а од 10:00 до 13:00 часот корисниците од село Орашани – место викано Нерезини, Општина Зелениково.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2020 12:31