Во село Ињево, општина Радовиш, деновиве се асфалтирани три улици во вкупна должина од 1.600 метри со ширина од пет метри и тротоари со бехатон, информира градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.

Додава дека селото добива нов изглед со вложување во уличната инфраструктра.

-Средствата се обезбедени од општинскиот буџет и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Со изградбата на овие три улици селото Ињево станува едно од најурбанизираните населени места и се надевам дека и понатаму ќе продолжиме со тоа темпо и во другите села, рече градоначалникот Конзулов.

Според него за одбележување е одличната соработка со локалното население, кое отстапило простор од своите имоти за непречена изградба на улиците.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2020 13:54