Натпреварот од 6 коло во А групата од ЕХФ лигата на шампионите против ПСЖ ќе се игра на 28 октомври 2020 година, во среда со почеток во 20,45 часот. На тој меч Вардар 1961 ќе гостува во Париз, соопштија од клубот.

Претходно натпреварот беше закажан за еден ден подоцна, на 29 септември.

Вардар 1961 требаше да го игра својот натпревар од второто коло утре против Елверум, но истиот е одложен.

До патувањето во Париз во 6 коло. „црвено-црниот“ тим ќе игра и со ПИК Сегед во гости, и ќе има и два домашни натпревари, со Флензбург (15 октомври) и со Порто (22 октомври).



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2020 22:59