Вкупно 16 ракометари се заразени со ковид-19 во редовите на Работнички.

Сите се наоѓаат во изолација и немаат посериозни симптоми.

Натпреварот меѓу Работнички и Металург во Групата Б од Суперлигата, кој требаше да се одигра утре, е одложен.

Ова ќе значи и прекин на групата Б во следните 15 дена, а се очекува во следниве денови да бидат тестирани и ракометари на екипи, кои во изминатиот период играа натпревари против Работнички.

Претходно имаше информации дека позитивни на коронавирусот има во ракометните клубови Голден Арт КЛ7, Радовиш, Струга и Охрид, па поради тоа суперлигашката група „А“ е во мирување.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2020 23:00