Екипата на Каменица Саса денеска го приреди најголемото изненадување во 1/16-финалето од фудбалскиот Куп на Македонија, откако го совлада фаворитот Борец по пенали.
Регуларниот тек заврши 2-2, а домаќинот по изведувањето на ударите од 11-метри беше поуспешен и славеше со 3-1.
Во другите дуели, фаворитите немаа проблем со своите ривали и се пласираа воосминафиналето.
Резултати:
Росоман – Беласица 1-5 Силекс – Лабуништа Тетекс 5-1 Охрид – Ренова 0-4 Пелистер – Љуботен 4-0 Гостивар – Тиквеш 5-0 Слога Виница – Шкупи 1-2 Македонија ЃП – Победа 1-0 (по пенали) Велешта – Кожуф 1-2 Каменица Саса – Борец 3-2 (по пенали)
Кит Го – Скопје 18 часот.