Карло Анчелоти ќе ја напушти функцијата тренер на Реал Мадрид на крајот од актуелната сезона, пренесува шпанското радио „Онда Черо“. Италијанецот ќе се раздели со клубот без разлика на резултатите на крајот од сезоната.
Според радиото, фаворит за тренерската функција во Реал Мадрид е Шпанецот Чаби Алонсо, кој моментално е на чело на германскиот Баер Леверкузен.
Анчелоти беше на чело на Реал Мадрид од 2013 до 2015 година, а во клубот се врати во 2021 година. Со Реал Мадрид тој е шампион на Шпанија, двапати го освои Купот и еднаш Суперкупот на земјата, исто така го освои Суперкупот на УЕФА и двапати Светското клупско првенство.
Карло Анчелоти стана првиот тренер во историјата кој триумфирал во секое од најдобрите пет национални првенства во Европа. Италијанскиот стручњак во текот на својата кариера ги предводеше и англиските Челси, германски Баерн Минхен, италијански Милан и француски Пари Сен Жермен до победи во националните првенства на нивните земји.
Италијанскиот стручњак е единствениот тренер кој пет пати ја освоил Лигата на шампионите.
Реал Мадрид по 20 кола е лидер во шпанското првенство со 46 бодови.