Скопје континуирано работи на спроведување на технички активности кои се во насока на подобрување на водоводната и канализационата инфраструктурата во град Скопје.

Во текот на оваа недела екипи на ЈП Водовод и канализација – Скопје, поставија нова водоводна линија ф300мм, во должина од околу 100м на потегот меѓу Универзитетот ФОН и Мерцедес.

Имено со поставување на оваа водоводна линија се отвораат можности и услови за продолжување и развој на водоснабдителниот систем во тој дел од општина Гази Баба.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2020 12:44