Корисниците од улиците „Варшавска", „Хелсински", „Ташкенска", „Мексичка" и „Хаванска" во Општина Карпош денеска од 8:30 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е уличен дефект не цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Варшавска" бр.8.

Корисниците ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација" – Скопје не го отстранат дефектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2020 10:14