Јавното комунално претпријатие „Комуналец" од Битола почна со есенско уредување на зелените површини на повеќе локации во градот.

Оттаму информираат дека на улицата „Васко Карангелевски" се врши целосно обновување на зелените површини кои наскоро ќе добијат нова форма.

Паралелно со овој комунален зафат, Општина Битола врши уредување на тротоарите во градот, а на улицата „Партизанска" гради функционални влезови и пешачки премини од едната кон другата страна на оваа фрекфентна улица.

Комуналните активности во градот ги завршија екипите на ЈП „Паркинзи" кои извршија обележување на пешачките премини, а ЈП „Нискоградба" изврши чистење на шахтите за собирање на атмосферски води и нивна подготвеност за евентуални пообилни дождови како вообичаена појава за овој период од годината.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2020 12:41