За утре со почеток од 11 часот од иницијативниот одбор „За добро на општина Бутел“ најавија протест кој го организираат со цел подигање на свеста на локалната и централната власт и потребата за изградба на поликлиника во општина Бутел.

Нашата општина е единствена општина која на територија на град Скопје нема поликлиника а моменталната амбуланта е во тотален распад како што можете да видите и на фотграфиите во прилог. Оваа амбуланта која опслужува над 60 000 жители како од нашата општина така и од соседните општини нема ни основни елементарни услови а камо ли граѓаните да извршуват здравствени услоги. Повеќе од година дена и можноста за лабароторија која ја обавувавме во оваа амбуланта ја нема. Во услови на светска пандемија и една од општините со константен број на новозаболени и секогаш при врвот на болни од КОВИД 19 ние немаме можност за обавување на здравствените потреби. Секој жител на општина Бутел е приморан да ја напушти општината доколку има потреба и од основните здравствени услуги. Разочарани од досегашните лажни ветувања нашата иницијатива, која меѓудругото брои над 200 поддржувачи, се одлучи на ваков протест, велат од иницијативата „За добро на општина Бутел“



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2020 19:08