По појавувањето на голем број на позитивни случаи на Ковид -19 во тимовите, Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги суспендира натпреварите во Супер лигата.

Откако од минатата недела на период од 15 дена РФМ ги стави во мирување натпреварите во А-групата, денес истото го направи со натпреварите во Б-групата.

Во дописот домедиумите, од РФМ велат дека во споменатиот период, клубовите ќе мора да ја информираат Федерацијата за здравствената состојба на заразените играчи, а по рокот од 15 дена, ќе биде направен комплетен скрининг на сите тимови кои се натпреваруваат во групата Б.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2020 20:53