Земјиште кое мистично станува приватна сопственост во шумите на Водно и нови вили во селски атари се зачестени слуачаеви во последниот период, а власта и надлежните институции молчат, реагираат на фејсбук од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“.

- Времето минува, специјален закон за Водно не се ни разгледува. Си тече процедура на носење си некакви акти со кои ќе се намалат заштитните граници и ќе се овозможи градба каде досега не можело.

Во меѓувреме никнуваат вили во селски атари и на земјиште кое мистично станува приватна сопственост во шумите на Водно.

А богами и ЈП Пасишта се ангажирале да наоѓаат одгледувачи на пчели , па дека голем недостиг на мед , 5000 квадрати ги даваат на 10годишно користење во делови каде границата на заштита ќе се менува. Дека ЈП Пасишта знаат дека со овци си имаат работа...

Ете, толку можел законот за природата да (не)заштити.

Град Скопје , ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје / NP "Parqe dhe gjelbërime" - Shkup, ова е во ваша ингеренција или повторно не се знае кој има надлежности?, стои во нивната фејсбук објава.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2020 02:44