Натпреварот од 3. коло на А групата во Лигата на шампионите меѓу ПИК Сегед и Вардар 1961 е одложен на барање на домаќините. Средбата беше планирана за 1 октомври во Унгарија, соопштија од македонскиот тим.
Причината за откажувањето на натпреварот е што домашниот тим пријавил дека има нови играчи позитивни на Ковид-19 и дека поради здравствените правила во земјата мора да се замине во карантин што ќе трае најмалку една недела, а можеби и подолго.
По испратената информација од страна на ПИК Сегед до ЕХФ, решено е натпреварот да биде одложен.
За двата клуба ова е проблематично бидејќи веќе имаат по еден одложен натпревар токму поради Ковид-19. Минатата недела Вардар 1961 требаше да биде домаќин на Елверум, но Норвежаните бараа одложување со цел да се избегне влегување во карантин по пристигнувањето дома.