Светскиот ден на старите лица 1 Октомври Црвениот крст на град Скопје ќе го одбележи преку социјалниот сервис ,,Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови".
-Со поддршка на Швајцарскиот Црвен крст ќе се организираат работилници за таканаречено рано закрепнување од КОВИД-19 за даватели на услуги на стари лица. Имено, повеќе од 100 лица, професионалци и волонтери на Црвениот крст ќе бидат обучени како да пружаат поддршка за лица во трето доба во време и по завршување на пандемија од КОВИД-19, соопшти Црвениот крст на град Скопје.
Работилниците ќе се организираат во просториите на Црвениот крст на Република Македонија и во Центарот за едукација Солферино, Струга, а ќе бидат водени од страна на обучни психотерапевти.
Оваа активност е дел од повеќе активности кои се поддржани од страна на Швајцарскиот Црвен крст, а во насока на рано закрепнување од КОВИД-19 и тоа преку индивидулани психотерапии за стари лица, групни психотерапии и сесии за психолошка помош на групи лица во трето доба, тренинг за обука на нова помагатели на стари лица, делење на бесплатана медикаментозна терапија, едукации за хигиена, работни терапии т.е. креативни работилници за стари лица со социјален работник, регрутирање на волонтери во трето доба во водич во болница и едукативно видео за самопомош во домашни услови во време на изолација.