Без вода денеска ќе бидат корисниците од неколку улици во населба Маџари. Станува збор за улиците: „Карл Хрон“, „Карл Либкнехт“, „Анри Барбис“, „Модест Мусоргски“ и дел од улицата „Благоја Стефковски“.

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“известуваат дека корисниците ќе бидат без вода поради санирање на уличен дефект.

Корисниците ќе имаат прекин во водоснабдувањето од 09:50 часот се до завршување на интервенцијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2020 15:40