Екипата на Металург денеска ги дозна противниците со кои ќе се соочи во групната фаза од Лига Европа.

Тренерот на тимот, Зоран Кастратовиќ по ждребот изјави дека во оваа група „металурзите“ ќе имаат што да кажат.

– Генерално, во оваа фаза од натпреварувањето нема слаби екипи и не очекуваат тешки натпревари. Дури четири од шесте екипи во групата, вклучувајќи го и Металург, имаат солидно искуство од настапи во Лигата на шампионите, а на некои од нив веројатно и сега им е местото таму. Сепак, сметам дека имаме противници со кои ќе можеме да се натпреваруваме и ќе имаме што да кажеме на тие средби. Многу е важно сега да го искористиме времето и да ја подигнеме формата. Мислам дека ќе успееме во тоа и ќе се претставиме во многу подобро издание од досегашното, цитиран од сајтот на клубот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2020 15:17