Во рамки на програмата Кино на отворено со Скопје ЗОО попладнево во скопскиот Градски парк, кај Школка, ќе се одржи проекција на анимираниот филм „Тајниот агент Мјау“.

Филмот, базиран според приказна од браќата Грим, е германско-белгиска копродукција, со македонска синхронизација.

Програмата Кино на отворено е во организација на скопската Зоолошка градина и дистрибутерската куќа МФЦ МК.

Организаторите најавуваат дека проекцијата ќе се одвива според утврдените здравствени протоколи, со сточиња поставени на растојание пред Школка. Влезот за проекцијата е бесплатен.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2020 10:18