Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Гази Баба, Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК – Скопје.
Во периодот од 08:00 до 12:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „13 и ул. „6″ во селото Стајковци, Општина Гази Баба.
Во периодот од 09:00 до 12:30 часот без струја ќе останат дел од корисниците од улицата „Козле”, Општина Карпош.
Во периодот од 08:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Илија Ристовски”, Општина Кисела Вода.
Во периодот од 09:00 до 15:30 часот без струја ќе останат корисниците од селото Орман, Општина Ѓорче Петров.
Во периодот од 11:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Партизански Пат” во селото Драчево, Општина Кисела Вода.