Ева Мендез обожава да го минува времето со својот сакан – Рајан Гослинг… Глумицата вчера на Твитер сподели ретро-фотографија каде што трча на плажа.

„Утрово отидов на трчање на плажа [срце]… Не. Лажам!“ напиша таа до сликата. Шегата е околу тоа дека сликата е стара барем 15 години.

На забелешката на обожавател, дека Рајан треба почесто да ја пушта да излегува од дома, Ева возврати:

„Не благодарам, добро сум. Попрво би била дома со мојот човек отколку на кое било друго место на светот“.

Се чини, разбирливо е зошто Ева и Рајан денес важат за една од највљубените двојки во Холивуд.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2020 13:05