Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, на својот фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот.
- Почитувани пријатели,
И покрај строгото почитување на мерките, сакам да ве информирам дека денеска по малите симптоми што ги имав веднаш направив тестирање на КОВИД 19 и истиот е позитивен.
Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате.
Изразувам жалење и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во незавидна позиција, стои во неговата објава на социјалните мрежи.
Ден претходно, градоначалникот на Бутел Смилевски заедно со пратеничката Славјанка Петровска биле на маалски средби со членови на СДСМ во Скопје Север