Коронавирусот влезе во Основното училиште „Гоце Делчев“ во Скопски Центар.
Како што пренесоа дел од медиумите во ова централно основно училиште една од наставничките била позитивна на Ковид-19 и поради тоа 17 ученици кои посетувале физичка ќе бидат во самоизолација.
Според информациите, уште една наставничка е самоизолација а ќе биде тестирана викендов, по што ќе се знае дали наставничката е позитивна на вирусот или има настинка.
Родителите на останатите деца се уште чекаат насоки како да постапат и револтирано велат дека во рок од една недела се смениле дури четири наставнички.