На патниот правец Крива Паланка – Граничен премин Деве Баир ќе се интензивираат работите на пат. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење и почитување на веќе поставената сообраќајна сигнализација.

– Согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време на реконструкција и рехабилитација на државен пат А2, делница Крива Паланка – ГП Деве Баир , во период од 11 мај 2020 до февруари 2022 година со основниот проект за изведба се предвидува стругање и асфалтирање на постоечкиот коловоз, како и проширување, т.е изработка на трета лента на постоечкиот пат, известува ГД Гранит АД Скопје, соопшти АМСМ.

Во текот на работното време, посочуваат, регулирањето ќе се изведува со работници, а по завршувањето на работното време, регулирањето ќе се врши со светлосна сигнализација – семафори (од Крива Паланка кон Граничен премин Деве Баир).



Автор: Администратор
Објавено на: 08/10/2020 12:18