Од денеска попладне поради градежни активности ќе бидат затворени за сообраќај делови од улицата „Васил Ѓоргов“ во Скопје.
Град Скопје вчера соопшти дека денеска попладне по 18 часот ќе бидат затворени одредени места од улицата и оти возилата ќе се пренасочуваат по околната патна мрежа. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација.