Во пресрет на 11 Октомври - Денот на народното востание, Град Скопје почна со акција за чистење на спомениците на Народно-ослободителната борба (НОБ).

Со оваа акција веќе се исчистени спомениците на жената борец, на Благоја Деспотовски - Шовељ, Перо Наков, Панче Пешев, како и споменикот на УРС-овите синдикати.

Во наредниот период ќе продолжи акцијата за чистење на другите споменици на НОБ.

Спомениците на учесниците во НОБ кои се поставени во Скопје заслужуваат посебно внимание и затоа Град Скопје ќе продолжи да се грижи тие редовно да се одржуваат заедно со просторот околу нив.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2020 11:37