Корисниците на улиците „Ташкенска“, „Хаванска“, „Мексичка“ и дел од улиците „Варшавска“ и „Хелсинки“ во општината Карпош денеска од 15 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето, што ќе трае до санирање на дефектот.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект од Ф-125мм на ул.„Варшавска“ бб кај СУЦ „Георги Димитров“ до кружниот тек во Карпош.