Успешно се спроведе крводарителската акција што денеска беше организирана во просториите на Општина Аеродром.

Покрај вработените, крв даруваа и голем број хумани граѓани, а целата акција се спроведе по сите протоколи и мерки за заштита од Ковид-19.

Досега се организирани голем број крводарителски акции во просториите на Општина Аеродром, а тоа ќе остане пракса и во иднина.

Крводарителската акција е во организација на Црвениот крст – Општинска Организација Кисела Вода и Институтот за трансфузиона медицина во соработка со Општина Аеродром и градоначалникот Златко Марин.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2020 17:26