Американската ѕвезда од акционите филмови и од кечерскиот театар, Џон Сена се ожени со својата 13 години помлада избраничка Шеј Шаријацадех.

Глумецот се венчал со девојката во петокот, според венчалниот документ што го објавија некои американски медиуми. Но, досега, парот не е достапен за коментар за медиумите.

Џон Сена (43) и Шеј Шаријацадех беа забележани заедно на премиерата на семејната драма „Дулитл“, кога тој откри оти е на состанок.

Следните филмови кајшто тој ќе глуми, се „Одредот на отпишаните 2“ и деветиот дел на „Брзи и бесни“, најавени за наредната 2021 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2020 13:16