РК Еурофарм Пелистер 2 соопшти дека двајца ракометари пријавиле симптоми на коронавирус и по тестирањето нивните резултати се позитивни.

Целата екипа, стручниот и медицинскиот тим се тестираа и се очекуваат резултатите. Во зависност од нив ќе се знаат следните чекори и продолжувањето на тренажниот процес.

Еурофарм Пелистер 2 одигра четири натпревари во Суперлигата, група Б и запиша две победи и два порази.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2020 21:05