Општина Карпош ја почна редовната, есенска дератизација и дезинсекција на целата своја територија.

Овластената фирма која ја ангажираше локалната самоуправа треба да помине околу 5.000 шахти во кои ќе фрли средства за уништување на штетните глодари и инсекти во сите населби на Општината.

Дератизацијата и дезинсекцијата во Карпош ќе се одвива сукцесивно во следните четири до пет недели.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2020 15:06