Скопје Сити Мол заедно со Бригадата за противпожарна заштита утре ќе изврши противпожарна вежба. Целта, како што информираат, е да се направи проверка на фукционирањето на Кризниот штаб на Трговскиот центар на универзалната единица – просторните сали за заштита и спасување, како и начи да се тестираат протоколите за реакција во кризни ситуации.

Главната цел на вежбата е справување со пожар и евакуација на сите присутни вработени и посетители во Скопје Сити Мол, како би биле подготвени за управување на најдобар можен начин со можни ризици и вонредни ситуации.

Евакуацијата ќе биде спроведена од страна на мониторинг центарот, оперативците од Агенцијата за обезбедување ОСА, како и учество на вработени од службата за хигиена во молот ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС.

Противпожарната вежба ќе биде изведена под надзор на стручни лица од Бригадата за противпожарна заштита и Кризниот Штаб на Универзалната единица за заштита и спасување на Скопје Сити Мол.

Од Скопје Сити Мол информираат дека за време на вежбата строго ќе се почитуваат препораките за заштита од Ковид-19



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2020 22:32