Легендарниот шпански диџеј Хозе Падиља, кој се прослави со неговата работа во светски познатиот клуб „Кафе дел Мар“ на островот Ибица, почина викендов. Имаше 64 години, а причината за неговата смрт е рак.

Веста беше објавена на неговата официјална фејсбук-страница.

„Здраво, пријатели. Со голема тага објавуваме дека Хозе почина вo сон, ноќта во неделата, на неговиот сакан остров Ибица. Ние, неговото семејство и пријателите би сакале да им се заблагодариме на сите што дадоа донации и испратија пораки на поддршка, благодарение на што му беше полесно да го преживее последниот месец“, се вели во пораката.

Хозе Падиља е роден 1955 година во Барселона. Во 1975 година се преселува на Ибица, а 1991 година станал диџеј во „Кафе дел Мар“. Во 1995 година ја издаде својата прва компилација од преработка на електронска музика создадена од разни музичари.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/10/2020 12:04