Дваесетгодишен кичевец вчера бил физички нападнат од двајца негови сограѓани пред угостителскиот објект на бул „Ослободување“ во Кичево, а со тешки телесни повреди се здобило 22-годишно лице кое се обидело да го спречи нападот.

-Вчера во 18.30 часот, пред угостителски објект на бул.„Ослободување“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Х.К.(56) и Л.К.(23) врз Л.Х.(20), сите од Кичево информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Тој додаде дека во обид да го спречи нападот бил физички нападнат и Б.Х.(22) од тетовското село Боговиње, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар во Скопје.

По целосно расветлување на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава ,објаснува Димоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/10/2020 16:20